27.09.2021 ... Канцеларијата на Младинските лиги ве информира дека почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021/2022 се одложува, на неопределен временски период. Канцеларијата ќе ја следи актуелната ситуација во која се наоѓаат учесниците во сите рангови на натпреварување. Односно ќе чека дефинитивен одговор од страна на надлежните здравствени и државни органи, поврзано со задолжителните тестирања со ПЦР тестови на сите учесници во системот на натпреварување во Младинските лиги под јурисдикција на нашата федерација, а кои во овој момент претставуваат сериозен финансиски товар на клубовите кои испратија пријави за учество во лигите за сезоната 2021/2022. Кога ќе се создадат максимални услови за непречено одвивање на натпреварувањата, а во договор со клубовите, ќе биде одреден нов датум за почеток на натпреварите во новата натпреварувачка сезона.