08.07.2021

Акредитирање за ФИБА „Челенџер“ за кошаркарки „Под 20“ години во Скопје

Информација за медиумите

Во врска со одржувањето на претстојниот турнир ФИБА „Челенџер“ за кошаркарки „Под 20“ години, сакаме да ве информираме дека, во договор со ФИБА, е отворен периодот за аплицирање за добивање на потребна прес-акредитација за следење на натпреварите.

Овој турнир ќе биде реализиран од страна на нашата федерација, а со поддршка на Светската кошаркарска федерација-ФИБА, во периодот од 13. до 18. јули, 2021 година.

Сите заинтересирани претставници на медиумите може да ги достават своите барања до 11. јули, 2021 година, (недела) до 20. часот, на следната меил адреса:

boban.radulovic@basketball.org.mk

НАПОМЕНА:

*Согласно со важечките здравствени протоколи за одржување на натпревари во затворени простори (спортски сали) во нашата држава, протоколот на КФСМ, и препораките од страна на Светската кошаркарска федерација, за заштита од пандемијата која ја носи коронавирусот, сите акредитирани претставници на медиумите, пред добивањето на акредитациите, е потребно при аплицирањето да приложат негативен ПЦР тест, нo не постар од 48.часа (без оглед на тоа дали ја имаат примено вакцината за заштита од Ковид-19), пред почетокот на ФИБА „Челенџер“ турнирот, кој е предвиден за 13. Јули.

*Поради истите причини, не е дозволено присуство на публика за време на одржувањето на турнирот.

*Сите натпревари на ФИБА Челенџер турнирот ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.