29.07.2021

За акредитирање за ФИБА „Челенџер“ за кошаркари „Под 18“ години во Скопје

Информација за медиумите

Во врска со одржувањето на претстојниот турнир ФИБА „Челенџер“ за кошаркари „Под 18“ години, сакаме да Ве информираме дека, во договор со ФИБА, е отворен периодот за аплицирање за добивање на потребна акредитација за следење на натпреварите.

Овој турнир ќе биде реализиран од страна на нашата федерација, а со поддршка на Светската кошаркарска федерација-ФИБА, во периодот од 3. до 8. август, 2021 година.

Сите заинтересирани претставници на медиумите може да ги достават своите барања до 31. јули, 2021 година, до 16. часот, на следната меил адреса:

boban.radulovic@basketball.org.mk

НАПОМЕНА:

*Согласно со важечките здравствени протоколи за одржување на натпревари во затворени простори (спортски сали) во нашата држава, протоколот на КФСМ, и препораките од страна на ФИБА, за заштита од пандемијата која ја носи коронавирусот, сите претставници на медиумите, пред добивањето на акредитациите, е потребно при аплицирањето да приложат негативен ПЦР тест, нo не постар од 48.часа (без оглед на тоа дали ја имаат примено вакцината за заштита од Ковид-19), пред почетокот на ФИБА „Челенџер“ турнирот, кој е предвиден за 3. август.

Заинтересираните претставници на медиумите за следење на турнирот, може да се пријават за ПЦР тестирање за заштита од Ковид-19, најдоцна до 31. јули (до 16.часот), кое ќе го реализира федерацијата пред почетокот на натпреварувањето, а во соработка со клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.

*За време на одржувањето на турнирот, не е дозволено присуство на публика

*Сите натпревари на ФИБА „Челенџер“ турнирот за кошаркари „Под 18“ години, ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.