09.08.2021

Повик за акредитирање за претквалификациските натпревари на Македонија на ФИБА турнирот во Скопје

Информација за медиумите

Во пресрет на почетокот на претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите од претквалификациите на сениорската репрезентација на Македонија.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за натпреварите на Македонија на турнирот во Скопје е до 11. aвгуст, 2021 година, до 12:00 часот.

Претставниците на медиумите, за натпреварите од претквалификациите за СК 2023 година, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација, откако претходно ќе го испратат формуларот кој го има наа следниот линк:

ФОРМУЛАР ЗА НОВИНАРИ

Во ограничен број и претходно определен простор, на прес-трибината во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“, и во согласност зо здравствениот Протокол на КФСМ, без никакви физички, непосредни контакти со стручниот и играчкиот дел од националниот тим за време на натпреварите на турнирот.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

Сите дополнителни прашања можете да ги упатите на e-mail адресата boban.radulovic@basketball.org.mk

НАПОМЕНА:

Нашата сениорска репрезентација ќе одигра четири натпревари на турнирот во Скопје

12.АВГУСТ – 19.00: МАКЕДОНИЈА – Швајцарија

14.АВГУСТ – 19.00: Словачка – МАКЕДОНИЈА

16.АВГУСТ – 19.00: Швајцарија – МАКЕДОНИЈА

18.АВГУСТ - 19.00: МАКЕДОНИЈА - Словачка