31.01.2022

Повик за акредитирање за вториот, февруарски ФИБА квалификациски „прозорец“ за Светскиот Куп 2023

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

Во пресрет на продолжението на квалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите од вториот „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп 2023 на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации  е заклучно до 23. февруари, 2022 година, до 23:59 часот.

Претставниците на медиумите, за натпреварите од квалификациите за СК 2023 година, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација. 

КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА

Во ограничен број и претходно определен простор, и во согласност со здравствениот Протокол на КФСМ, без никакви физички, непосредни контакти со стручниот и играчкиот дел од националниот тим за време на активностите на нашиот национален тим.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

Сите дополнителни прашања можете да ги упатите на e-mail адресата boban.radulovic@basketball.org.mk

НАПОМЕНА: Во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА, нашата сениорска репрезентација ќе одигра еден натпревар во Скопје, против селекцијата на Грузија

27.ФЕВРУАРИ:  20.00 ЧАСОТ: МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА

А1 Арена „Борис Трајковски“ - Скопје