Во пресрет на почетокот на финалниот турнир од Купот „благоја георгиевски-Буштур за сезоната 2021/2022, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите кои од 18. до 20.февруари, 2022 година, ќе бидат реализирани во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.
Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за турнирот во Скопје е до 11. февруари (петок), 2022 година, до 16:00 часот, на e-mail адресата:
boban.radulovic@basketball.org.mk
Претставниците на медиумите, за натпреварите од финалниот турнир, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација.
Во ограничен број и претходно определен простор во големата сала на Спортско рекреативниот центар „Кале“, и во согласност зо здравствениот Протокол на КФСМ, без никакви физички, непосредни контакти со стручниот и играчкиот дел од екипите за време на натпреварите на турнирот.
Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овој настан преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.
Сите дополнителни прашања можете да ги упатите на e-mail адресата boban.radulovic@basketball.org.mk
НАПОМЕНА:
*Поради здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, ќе биде лимитиран и бројот на претставници на медиумите. Затоа ве замолуваме за вашите потреби да акредитирате само по еден новинар, и еден фотограф/снимател.