24.06.2022

Потсетување за акредитирање за третиот ФИБА квалификациски „прозорец“ за Светскиот Куп 2023

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

Во пресрет на продолжението на квалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година, ВЕ ПОТСЕТУВАМЕ дека е потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите од третиот „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп 2023 на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за натпреварот  Македонија-Украина е заклучно до  28. јуни, 2022 година (вторник), до 23:59 часот.

Претставниците на медиумите, за натпреварите од квалификациите за СК 2023 година, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство на тренинзите и пред одигрување на натпреварот

Во ограничен број и претходно определен простор, на прес-трибината во големата сала на Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

Сите дополнителни прашања можете да ги упатите на e-mail адресата boban.radulovic@basketball.org.mk

НАПОМЕНА:

Во јулскиот „прозорец“ на ФИБА, нашата сениорска репрезентација ќе одигра еден натпревар во Скопје, против селекцијата на Украина.

4.ЈУЛИ – 18.00: МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА

Спортски центар А1 Арена „Борис Трајковски“ - Скопје