19.10.2022

Повик за акредитирање за вториот, ноемвриски, ФИБА претквалификациски „прозорец“ за Евробаскет 2025

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

Во пресрет на продолжението на претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите од вториот „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот 2025 на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации е заклучно до 4. ноември (петок), 2022 година, до 23:59 часот, на e-mail адресата:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Претставниците на медиумите, за натпреварите од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

НАПОМЕНА: Во ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА, нашата сениорска репрезентација ќе одигра два натпревари во Гевгелија, против селекциите на Данска и на Норвешка

10.НОЕМВРИ: 19.00 ЧАСОТ: МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА

Сала „26.април“ – Гевгелија

13.НОЕМВРИ: 19.00 ЧАСОТ: МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА

Сала „26.април“ – Гевгелија

*За сите акредитирани претставници на медиумите, федерацијата ќе обезбеди превоз до Гевгелија, каде нашата најдобра селекција ќе ги игра натпреварите во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за ЕП 2025.