Во пресрет на продолжението на претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите од вториот „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот 2025 на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Ве информираме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации е заклучно до 4. ноември (петок), 2022 година, до 23:59 часот, на e-mail адресата:
boban.radulovic@basketball.org.mk
Претставниците на медиумите, за натпреварите од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација.
Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.
НАПОМЕНА:
*За сите акредитирани претставници на медиумите, федерацијата ќе обезбеди превоз до Гевгелија, каде нашата најдобра селекција ќе ги игра натпреварите во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за ЕП 2025.
Од таа причина, ве замолуваме во наведениот рок, 4. ноември (петок), 2022 година, да го потврдите своето присуство на натпреварите во ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА.
Нашата сениорска репрезентација ќе одигра два натпревари во Гевгелија, против селекциите на Норвешка и на Данска.
10.НОЕМВРИ: 19.00 ЧАСОТ: МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА
Сала „26.април“ – Гевгелија
13.НОЕМВРИ: 19.00 ЧАСОТ: МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА
Сала „26.април“ – Гевгелија