08.02.2023

Повторен повик за акредитирање за третиот, февруарски, ФИБА квалификациски „прозорец“ за Евробаскет 2023

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

Во пресрет на продолжението на квалификациите за пласман на Евробаскетот-жени во 2023 година потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите од третиот „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот 2023 на женската сениорска репрезентација на Македонија.

Ве информираме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации е заклучно до 8. февруари (среда), 2023 година, до 23:59 часот, на e-mail адресата:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Претставниците на медиумите, за натпреварите од квалификациите за Евробаскетот 2023 година, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

Нашата женска сениорска репрезентација ќе одигра еден натпревар, во Скопје, против селекцијата на Белгија.

12.ФЕВРУАРИ: 18.00 ЧАСОТ: МАКЕДОНИЈА – БЕЛГИЈА

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје