Во пресрет на почетокот на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2023, кој ќе биде реализиран во периодот од 16. до 18.февруари, 2023 година, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите кои ќе бидат реализирани во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.
Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за турнирот во Скопје е до 14. февруари (вторник), 2023 година, до 16:00 часот, на следната меил адреса:
boban.radulovic@basketball.org.mk
Претставниците на медиумите, за натпреварите од финалниот турнир, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација.
Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овој настан преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.