27.07.2023

Повик за акредитирање за натпреварите од Европското првенство „Под 16“ години-мажи, Дивизија „А“ во Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

Во пресрет на почетокот на Европското првенство „Под 16“години-мажи Дивизија „А“ во Скопје, кое ќе биде реализирано во периодот од 5. до 13.август, 2023 година, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите кои ќе бидат реализирани во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за Европското првенство „Под 16“години-мажи Дивизија „А“ во Скопје е до 3. август (четврток), 2023 година, до 16:00 часот, на следната меил адреса:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Претставниците на медиумите, за натпреварите од Европското првенство во Скопје, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овој настан преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.