06.11.2023

Повик за акредитирање за евро-квалификацискиот натпревар Македонија-Србија (жени), кој се игра на 12.ноември во Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

Во пресрет на натпреварот Македонија-Србија, кој е дел од второто коло од квалификациите за Европското првенство 2025 во женска конкуренција од групата „Г“, а ќе биде реализиран на 12. ноември (недела), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 18.часот, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за овој натпревар е до 8. ноември (среда), 2023 година, до 16:00 часот, на следната меил адреса:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Претставниците на медиумите можат да присуствуваат на тренинзите на нашиот женски национален тим кои ќе бидат реализирани денеска и утре (6. и 7. ноември), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, и да ги реализираат своите професионални задолженија.

Освен тоа, ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овој настан преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.