02.02.2024

Повик за акредитирање за натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ за 2024 година

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

Во пресрет на почетокот на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024, кој ќе биде реализиран во периодот од 15. до 17. февруари, 2024 година, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите кои ќе бидат реализирани во  спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за турнирот во Битола е до 11. февруари (недела), 2024 година, до 16:00 часот, на следната меил адреса:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Претставниците на медиумите, за натпреварите од финалниот турнир, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, и задолжително, новинарска акредитација.

Ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овој настан преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.