Во пресрет на почетокот на финалниот турнир од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција, кој ќе биде реализиран во периодот од 2. до 3. март, 2024 година, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите кои ќе бидат реализирани во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за турнирот во Скопје е до 29. февруари (четврток), 2024 година, до 16:00 часот, на следната меил адреса:
boban.radulovic@basketball.org.mk
Претставниците на медиумите, за натпреварите од финалниот турнир, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, и задолжително, новинарска акредитација.
Ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овој настан преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.