Во пресрет на продолжението на квалификациите за пласман на Евробаскетот-жени во 2025 година потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите од ноемврискиот „прозорец“ на женската сениорска репрезентација на Македонија.
Ве информираме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации е заклучно до 30. октомври (среда), 2024 година, до 23:59 часот, на e-mail адресата:
boban.radulovic@basketball.org.mk
Претставниците на медиумите, за натпреварите од квалификациите за Евробаскетот 2025 година, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација.
Освен тоа ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.
Нашата женска сениорска репрезентација ќе одигра два натпревари, во Скопје, на 7. ноември, против селекцијата на Украина, и три дена подоцна, на 10. ноември, против селекцијата на Португалија.
7.НОЕМВРИ: 18.00 ЧАСОТ: МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА
10.НОЕМВРИ: 18.00 ЧАСОТ: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
НАПОМЕНА: Двата натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје