18.02.2025

Повик за акредитирање за евро-квалификацискиот натпревар Македонија-Полска

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

Во пресрет на натпреварот Македонија-Полска, кој е дел од третиот прозорец од квалификациите за Европското првенство 2025 во машка конкуренција од групата „Х“, а ќе биде реализиран на 24. февруари (понеделник), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 18:30 часот, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за овој натпревар е до 21. февруари (петок), 2025 година, до 16:00 часот на следната меил адреса:

office@basketball.org.mk

Претставниците на медиумите можат да присуствуваат на тренинзите на нашиот сениорски национален тим кои ќе бидат реализирани во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, и да ги реализираат своите професионални задолженија.

Освен тоа, ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овој настан преку официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

* НАПОМЕНА: Бројот на места за акредитирани преставници на медиумите во салата на СРЦ „Кале“ е ограничен