14.07.2025

Повик за акредитирање за претквалификациските натпревари на машката сениорска репрезентација на Македонија

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ

Во пресрет на натпреварите од втората фаза од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во Катар 2027 година, кои машката сениорска репрезентација ќе ги игра во августовскиот „прозорец“ на ФИБА, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за овие натпревари е заклучно до 28. јули (понеделник), 2025 година, до 16:00 часот, на следната меил адреса:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Тренинзите на нашиот сениорски национален тим на 14, 15. и на 16. јули ќе бидат реализирани во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, од 18. јули, ќе се одвивааат во спортската сала во Гевгелија каде ќе биде реализирана втората фаза од подготвителниот период.

Освен тоа, претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овие настани преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

Во овој претквалификациски циклус, сениорската репрезентација на Македонија ќе одигра два натпревари на домашен терен.

На 2. август, од 19.часот, во спортската сала во Куманово, нашата најдобра селекција ќе игра против репрезентацијата на Романија.

На 20. август, во истиот термин, исто така во спортската сала во Куманово, Македонија ќе биде домаќин на селекцијата на Унгарија.

* НАПОМЕНА: Бројот на места за акредитирани преставници на медиумите во спортската сала во Куманово е ограничен