Во пресрет на натпреварот Македонија – Унгарија, кој е последниот кој го игра нашата сениорска репрезентација вво претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите.
Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за овој натпревар е заклучно до 18. август (понеделник), 2025 година, до 16:00 часот, на следната меил адреса:
boban.radulovic@basketball.org.mk
Тренинзите на нашиот сениорски национален тим продолжуваат на 16.август, ќе бидат реализирани во салата на СРЦ „Кале“.
Освен тоа, претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овие настани преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.
Натпреварот Македонија-Унгарија ќе се игра во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, со почеток од 19.часот.
* НАПОМЕНА: Бројот на места за акредитирани преставници на медиумите во СРЦ „Кале“ е ограничен