21.11.2022

Повторен повик за акредитирање за вториот, ноемвриски, ФИБА квалификациски „прозорец“ за Евробаскет 2023

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ (акредитирање за натпреварот Македонија-Германија)

Во пресрет на продолжението на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2023 година потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите од вториот „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот 2023 на женската сениорска репрезентација на Македонија.

Ве информираме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации е заклучно до, денеска, 21. ноември, 2022 година, до 23:59 часот, на e-mail адресата:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Претставниците на медиумите, за натпреварите од квалификациите за Евробаскетот 2023 година, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

НАПОМЕНА:

Нашата женска сениорска репрезентација ќе одигра два натпревари во овој квалификациски ФИБА „прозорец“, против селекциите на Белгија (на гостински терен во Ловен) и на Германија (на домашен терен во Скопје).

24.НОЕМВРИ: 20.30 ЧАСОТ: БЕЛГИЈА - МАКЕДОНИЈА

 „Спортплаза“ – Ловен

27.НОЕМВРИ: 19.00 ЧАСОТ: МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје