Со оглед на новите мерки наметнати од страна на Владата на РСМ, во однос на спречување на ширење на вирусот COVID-19, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија ја информира јавноста дека донесе одлука:
За одложување на сите официјални натпревари во младинските лиги, во период од четиринаесет (14) дена.
Вклучувајќи ги натпреварите во М-18, М-16, М-15, М-14, М-13, и М-12 лигите во машка, односно М-18, М-16 и М-14 во женска младинска конкуренција.
Воедно, ве потсетуваме дека натпреварите во сениорска машка (Прва лига, Втора лига-Исток и Втора лига-Запад) и во женска конкуренција (Прва лига), во наредниот период и понатаму ќе се играат без присуство на гледачи.