Почитувани,
Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ги поканува заинтересираните правни и физички лица да поднесат пријава за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп “Благоја Георгиевски – Буштур“ 2022 во машка и женска конкуренција.
Поднесувањето на пријавите е најдоцна до (Среда) 26.01.2022 година на следната емаил адреса: contact@basketball.org.mk.
Во пријава потребно е да бидат наведени следните податоци:
- Назив на фирма (за правно лице) или Име и презиме (за физичко лице)
- Адреса на фирма (за правно лице) или адреса на живеење (за физичко лице)
- ЕМБС (за правно лице) или ЕМБГ (за физичко лице)
- Телефонски број, емаил адреса
По поднесувањето на пријавите за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп “Благоја Георгиевски – Буштур“ 2022 во машка и женска конкуренција, Федерацијата ќе одреди датум за online јавно наддавање (лицитација).
Почетната сума на јавното наддавање за организација на Купот изнесува 500.000 денари.
Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на сметката на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија (300000003207438) во Комерцијална банка ад Скопје.