28.12.2017

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕОДЕН РОК ВО СИТЕ ЛИГИ ЗА СЕЗОНАТА 2017/2018

Канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација ги информира сите клубови во Македонија, согласно членовите од Регистрацискиот Правилник на МКФ, за преодниот рок за кошаркари-ки во Сениорските и во Младинските лиги од натпреварувачката сезона 2017/18.

Согласно членовите 23, 24 и 25 од Регистрацискиот Правилник на МКФ, ве известуваме за терминот на Вториот преоден рок за кошаркари-ки во Сениорските и Младинските лиги од натпреварувачката сезона 2017/18, и тоа:

 

Сениорски лиги

  • Супер лига мажи – преоден рок за регистрација на играчи, најдоцна до 30 Март 2018;
  • Плеј Аут лига мажи – преоден рок за регистрација на играчи, најдоцна до 30 Март 2018;
  • Прва лига жени – преоден рок за регистрација на играчи, најдоцна до 02 Февруари 2018;
  • Втора лига мажи – преоден рок за регистрација на играчи, најдоцна до 09 Февруари 2018;
  • Трета лига мажи – преоден рок за регистрација на играчи, најдоцна до 02 Февруари 2018.
  • Барање/согласност за настап со Двојна лиценца може да поднесе најдоцна 24 часа пред почеток на соодветната лига (Втора или Трета лига мажи).

 

 

Преоден рок во сите Младински лиги од 15 до 19 Јануари 2018 година

Во наведениот термин, клубовите од Младинските лиги можат да:

  • Направат конечни измени во листите на одобрени играчи за сезона 2017/18,
  • Кошаркарите-ките имаат право да преминат од еден во друг клуб согласно член 24 и 25 од Регистрацискиот правилник на МКФ,
  • Потребните документи, согласно член  13 од Регистрацискиот правилник на МКФ се доставуваат во канцеларијата на МКФ најдоцна до 19 Јануари 2018 година,

 

 

Барањата за раскин на договор, а кои се однесуваат за регистрација на играчот во наведениот преоден рок се поднесуваат најдоцна 24 часа пред почеток на преодниот рок, односно 14 Јануари 2018 година.