01.07.2020

Прв преоден рок за сезона 2020/2021

Информација за преоден рок во сите лиги за сезона 2020/2021

Канцеларијата на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ги информира сите клубови, согласно членовите од Регистрацискиот Правилник на КФСМ, за преодниот рок за кошаркари и кошаркарки во Сениорските и во Младинските лиги од натпреварувачката сезона 2020/2021.

>>>>> ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕОДЕН РОК ВО СИТЕ ЛИГИ ЗА СЕЗОНА 2020/2021 <<<<<

Пријавата на екипа во младински категории треба да биде пополнета и вратена најдоцна до 15.08.2020 до канцеларијата на КФСМ (по електронски пат).

Образецот за пријава на екипа, како и сите останати потребни обрасци можат да се пронајдат на веб страницата на КФСМ (www.kfsm.mk) во категоријата документи или на следниот ЛИНК.