13.12.2022

Генералниот секретар на ФИБА по состанокот со Дејан Бодирога, првиот човек на Евролигата

Интервју на Андреас Заглис: „Амбиентот е добар, но нема напредок во преговорите“

Генералниот секретар на меѓународната кошаркарска федерација -ФИБА, Андреас Заглис, на он-лајн интервјуто, призна дека нема напредок во преговорите со Евролигата.

На традиционалната конференција за новинарите, Заглис говореше за односите со Евролигата, за очекувањата од наредниот Светски Куп, за судиите...

„Нов предизвик за нас беше војната во Украина. Но ФИБА помина и преку втората светска војна, и преку ‘ладната војна’, ќе го помине и ова. Пред нас е Светското првенство, кое наредната година ќе биде одржано во три земји, Јапонија, Индонезија и Филипини“ – рече Заглис.

Тој потврди дека имал состанок со претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога.

„Тоа не би требало да биде некоја вест. Амбиентот е добар, но напредок нема. Истовремено, а го кажав тоа и минатата година, ФИБА е доста подготвена за дискусија и за напредок, ги донесовме луѓето на маса, имавме планови и идеи“ - изјави Заглис.

Тој потсети дека ФИБА ги променила датумите на ноемвриските прозорци во квалификациите за Светскуот Куп во 2023 година.

„Тоа не беше лесна одлука. За жал, морам да кажам дека ситуацијата, внатре во Евролигата, не напредува. Тоа нема врска со новото раководство, тие сакаат прогрес, но внатре во ЕКА постои мнозинство и еден друг, помал дел. Нема униформираност која е потребно да се започнат преговори“ - додаде генералниот секретар на ФИБА.

Заглис наведе дека не е среќен поради моменталната ситуација со Евролигата, но истакна дека преговорите ќе продолжат.

„Сите работиме на тоа, цела ФИБА. Не само затоа што тоа е наша обврска спрема спортот. Не очекуваме да се случи нешто големо во февруари. Разговараме за едноставни работи кои би се промениле, но ниту за тоа не постои минимум концензус. Тоа е сегашниот статус, но ние ќе продолжиме да изнесуваме предлози“.

Заглис вели дека е во добри односи со Дејан Бодирога.

„Потребно е да пости единствена стратегија, Да знаеме што елитната група на тимови сака. И колку е тоа компатабилно со сите други. Само да видиме што елитата која ја води ЕКА, сака. И потоа, дали е сето тоа на иста линија со останатите клубови. За најважното прашање околу календарот, потребен е минимален чекор, а клубовите сакаат да го направат. Тие беа подготвени да поместат некои средби поради натпреварите од Светското првенство во фудбал, но не и кога се во прашање мечевите од квалификациите за кошаркарскиот Светски куп“ – истакна Заглис.  

Потсети и на тоа дека на овогодинешното Европско првенство било многу жалби на судењето.

„Секогаш ќе има жалби и грешки. Лекциите се научени, и мораме да се погрижиме околу тоа да не се повторат. Но, грешките во натпреварите по групи беа многу поголеми отколку во нокаут-фазата. Тоа е до бројот на квалитетни судии. Сакаме најдобри судии во нашите натпреварувања. Но, тоа е сигурно, една од тие работи за кои сакам да разгоравам со пријателите од ЕКА“ – наведе првиот оперативец на ФИБА, со потенцирање на тоа дека би сакал на наредниот Светски Куп во Јапонија, Индонезија и Филипини да настапат најдобрите играчи од сите репрезентации кои ќе обезбедат место на Мундобаскетот во 2023.