20.07.2020

На игрите во Јапонија следната година, за прв пат ќе добиеме олимписки шампиони во натпреварувањето „3 на 3“

ИОК ги одреди датумите за олимписките кошаркарски турнири во Токио

Земјите учеснички на натпреварите од кошаркарскиот дел од Олимпијадата во Токио го дознаа и „редот на возење“ за време на турнирите планирани да се одиграат следната, 2021 година, во Токио

Од организацискиот одбор на ОИ во Токио одлучија да ги објават и точните датуми за реализација на плановите поврзани со кошаркарскиот спорт.

Натпреварувањето „3 на 3“, кое за прв пат во историјата ќе се игра на една Олимпијада, е „сместено“ во „Аоми Урбан Спорт“ центарот. Ќе започне на 24.јули, а потоа ќе продолжи четири дена подоцна.

Ова важи за двете конкуренции, и во машка и во женска конкуренција.

Оној главен дел, кошаркарскиот турнир, пак, ќе се игра во „Саитама Супер“ Арената. Натпреварувањето во машка конкуренција ќе стартува на 25.јули, а ќе биде завршено на 7. август. Со забелешка дека женскиот турнир ќе почне еден ден подоцна, на 26. јули, и ќе финишира еден ден подоцна, на 8.август.