25.09.2025

Традицијата продолжува, за вовед во сезоната, Баскет Кам 2011 ќе го брани трофејот против скопски Вардар

Историјат на Супер куп „Драган Василов-Цевка“

По пауза од пет години, поточно кажано, пред четири години, Македонската кошаркарска федерација продолжи една убава традиција, како вовед во новата сезона, да се играат натпреварите од Суперкупот, кој го носи името на прославениот тренер Драган Василов - Цевка.

Што вели историјатот на ова натпреварување?

Вели дека првиот натпревар од Суперкупот е одигран во 1997 година. Во натпреварот кој одлучуваше кој од двете екипи ќе ја претставува Македонија во Еврокупот, се сретнаа екипите на МЗТ Скопје и Работнички.

Победи екипата од „Јане Сандански“, која има и најмногу освоени одличја низ годините кои следуваа(т).

МЗТ Скопје има седум трофеи во ова натпреварување затоа што победуваше и во 2003 година, како и на последните шест одиграни натпревари.

Во 2015 година, кога беа подобри од Работнички, и во 2016 година, на мечот во Скопје, каде го совладаа Карпош Соколи 2000. Истото, популарните „металци“ го повторија и во последните три изданија на ова натпреварување, кога стигнаа до сигурни триумф-и, прво против дебитантот во ова натпреварување – екипата на ТФТ од Скопје. а година дена подоцна, поточно лани, и против битолски Пелистер.

Инаку, „црвено-белите“ од „Градски парк“ го освојуваа пехарот во Суперкупот во 2001 (против Никол Ферт) и во 2011 година, кога беа подобри од екипата на Фени Индустри.

Два трофеи има и Никол Ферт...

Некогашниот македонски шампион беше победник во 2000 година. А клубот од Гостивар славеше и две години подоцна (во мечот против Работнички).

Со титулата победник во Суперкупот на Македонија може да се пофали и екипата на Струмица, која победи во 2007 година, кога беше подобра од скопски Вардар, тогашниот освојувач на Купот на Македонија.

Историјата вели дека ова натпреварување е прекинувано во четири наврати.

Не се играа натпревари во 2004, 2005 и 2006 година, потоа и во 2008, 2009 и 2010 година, како и во 2012, 2013 и во 2014 година, и од 2017 до 2020 година.

Во недела навечер, во СРЦ „Кале“, ќе го добиеме тринаесеттиот победник во ова натпреварување во машка конкуренција. За својот прв трофеј, од 19.30 часот (директен пренос на МРТ 3) ќе се бори екипата на Кожув од Гевгелија. 

*А по петти пат, ќе имаме и победник на Суперкупот во женскиот сегмент. За новиот трофеј ќе се борат двете најдобри екипи во ланската сезона, шампионот, Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, и освојувачот на Купот, екипата Вардар од Скопје.

И кошаркарките на Баскет Кам 2011 се и бранители на трофејот во ова натпреварување откако во ланското издание беа подобри од екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Натпреварот стартува од 17.часот, со директен пренос на МРТ3.

СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА „ДРАГАН ВАСИЛОВ – ЦЕВКА“

ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ-МАЖИ:

2000: Никол Ферт - Гостивар

2001: Работнички - Скопје

2002: Никол Ферт - Гостивар

2003: МЗТ Скопје - Скопје

2004, 2005, 2006: не се одржа

2007: Струмица 2005 - Струмица

2008, 2009, 2010: не се одржа

2011: Работнички - Скопје

2012, 2013, 2014: не се одржа

2015: МЗТ Скопје Аеродром - Скопје

2016: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2017, 2018, 2019, И 2020: не се одржа

2021: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2022: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2023: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2024: МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

2025: ???

ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ-ЖЕНИ:

2021: Бадел 1862 - Скопје

2022: Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица

2023: Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица

2024: Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица

2025: ???