02.06.2021

Во 29. финале, екипата од Аеродром влегува со многу повеќе трофеи, но тоа во серијата која стартува денеска, не мора ништо да значи

Историски факти за финалето: МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на осмиот, а Еуро Никел 2005 на четврттиот шампионски трофеј

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе стартува финалната серија од плеј-офот. По 28. пат во 29. првенствени сезони, ќе се одлучува кој ќе биде новиот шампион.

Македонија долго чека на новиот кошаркарски првак, но низ финалната серија, „подобар од пет“ натпревари, одговор на тоа прашање ќе ни дадат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Еуро Никел 2005.

Тие ги поминаа двете преки, четвртфиналето и полуфиналето. „Металците“ со еден пораз (во полуфиналето од Куманово), додека кавадарчани се перфектни. Четири меча, четири победи против Гостивар (во четвртфиналето) и против Работнички во следната рунда.  

Што велат оние историски факти за големото финале кога станува збор за двете екипи финалисти кои ќе се борат за шампионскиот пехар?

*За МЗТ Скопје ова ќе биде вкупно 15.финална серија...

*По деветти пат по ред „сино-белите“ ќе играат во серијата за шампионскиот трофеј

*МЗТ Скопје (Аеродром) има по седум победи и исто толку порази во финалето

*Сите седум порази на МЗТ Скопје се во дуелите со Работнички

*Првата шампионска титула МЗТ Скопје ја освои во сезоната 2011/2012 кога беше поуспешен токму од клубот од Кавадарци (4-1 во финалето)

*Еуро Никел 2005 (под името Фени Индустри) има три шампионски титули

*Првата е во сезоната 2007/08, а кавадарчани беа најдобри и во 2009/2010 односно 2010/2011

*Ова ќе биде втора финална серија помеѓу овие два клуба низ историјата

*Досега клубот од Кавадарци играл во пет завршни серии од првенството, а скорот е три победи и два порази.

*Фени Индустри, сега Еуро Никел 2005 шампион станувал низ седум мечеви (во сериите со Струмица и со Вардар Осигурување, по 4-3)

*Работнички е нашиот најтрофеен клуб, има 15.титули во 28.сезони

*Двата финалисти имаат вкупно уште десет титули. Прваци на нашата држава биле уште и екипите на Никол Ферт од Гостивар и Струмица

ИСТОРИЈАТ

Досегашни шампиони на Македонија - мажи

СЕЗОНА 1992/1993 Работнички – МЗТ Скопје       3:0

СЕЗОНА 1993/1994: Работнички – Кочани Деликатес    3:2

СЕЗОНА 1994/1995: Работнички – Кочани Деликатес    4:3

СЕЗОНА 1995/1996: Работнички – МЗТ Скопје      3:0

СЕЗОНА 1996/1997: Работнички - Жито Вардар   4:2

СЕЗОНА 1997/1998: Работнички – МЗТ Скопје      3:2

СЕЗОНА 1998/1999: Работнички – МЗТ Скопје      3:2

СЕЗОНА 1999/2000: Никол Ферт – Работнички     3:2

СЕЗОНА 2000/2001: Работнички – МЗТ Скопје      3:0

СЕЗОНА 2001/2002: Работнички – Куманово        4:2

СЕЗОНА 2002/2003: Работнички - Поло Трејд       3:0

СЕЗОНА 2003/2004: Работнички – МЗТ Скопје      4:1

СЕЗОНА 2004/2005: Работнички – Вардар  4:2

СЕЗОНА 2005/2006: Работнички – Вардар  4:1

СЕЗОНА 2006/2007: Струмица – Работнички         4:1

СЕЗОНА 2007/2008: Фени Индустри – Струмица  4:3

СЕЗОНА 2008/2009: Работнички – Фени Индустри          4:2

СЕЗОНА 2009/2010: Фени Индустри - Вардар Осигурување    4:3

СЕЗОНА 2010/2011: Фени Индустри – Работнички          4:1

СЕЗОНА 2011/2012: МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри 4:1

СЕЗОНА 2012/2013: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув       4:0

СЕЗОНА 2013/2014: МЗТ Скопје Аеродром - Работнички 3:1

СЕЗОНА 2014/2015: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово            3:0

СЕЗОНА 2015/2016: МЗТ Скопје Аеродром - Куманово 3:1

СЕЗОНА 2016/2017: МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи 3:2

СЕЗОНА 2017/2018: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 3:0

СЕЗОНА 2018/2019: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 3:0

СЕЗОНА 2019/2020: не беше прогласен шампион

СЕЗОНА 2020/2021: ???