25.11.2020

По денешниот утрински тренинг во Рим, „аѕурите“ ги пакуваат коферите и тргнуваат за Естонија.

Италијанците доѓаат во Талин на 26. ноември

Нешто подоцна од нашиот, во естонската престолнина ќе пристигне и националнот тим на Италија. Италијанската федерација објави дека по одработувањето на утринскиот тренинг во „Аква Ацетоса“ во Рим, „сините“ ќе тргнат на пат за Талин каде ги чекаат наредните два натпревари од квалификациите за ЕП 2022.

Шампионат на кој Италија е еден од организаторите на оние четири групи во првиот дел (ќе се игра во Милано), кој ги става избраниците на селекторот Мео Сакети „вон конкуренција“ во „Б“ квалификацискката група.

Непосредно пред полетувањето за Естонија, во зависност од здравствената ситуација во тимот, селекторот Сакети ќе ги одреди и патниците за Талин.

Инаку италијанците најавуваат директни преноси на средбите на нивниот национален тим во Талин. Онаа со нашата репрезентација, на 28. ноември, и два дена подоцна, на 30 ноември, против Русија.

Ќе ги реализира Sky Sport Arena, а преносите се закажани од 15.часот.