25.11.2020

Италијанската кошаркарска федерација (FIP) ги објави 12. кошаркари за квалификациските натпревари во Естонија

Италијанците со пет дебитанти во „балонот“ во Талин

По дводневниот мини-собир во Рим, по денешниот утрински тренинг, како што најави, селекторот Мео Сакети ги избра 12. кошаркари на кои ќе смета за средбите со селекциите на Македонија (28. ноември) и Русија (на 30. ноември).

Селекторот Сакети продолжи со подмладувањето на националниот тим кој има резервирани место на Евробаскетот 2022, па на скратениот список се најдоа дури пет дебитанти во сениорската селекција, кои се дел од ЛЕГА А лигата на Италија.

Шанса за минути во сениорскиот национален тим на Италија во Талин ќе чекаат: Давиде Алвити, Томасо Балдасо, Давиде Морети, Алесандро Пајола и Андреа Пекиа.

Составот на  Италија за ноемвриските квалификации

Амадео Дела Вале (1993, 196, бек, Будуќност- Црна Гора)

Марко Спису (1995, 184, бек, Сасари – Италија)

Давиде Морети (1998, 190, бек , Армани Милано – Италија)

Томасо Балдасо (1998, 191, бек, Виртус Рома – Италија)

Амадео Теситори (1994, 208, центар, Виртус Болоња – Италија)

Џанпаоло Ричи (1991, 202, крило, Виртус Болоња – Италија)

Рафаел Гаспардо (1993, 207, крило, Бриндиси – Италија)

Микеле Витали (1991, 196, бек, Бросе Бамберг – Германија)

Андреа Пичина (1997, 197, бек/крило, Канту – Италија)

Давиде Алвити (1996, 200, крило, Трст – Италија)

Никола Акеле (1995, 203, крило, Тревисо – Италија)

Алесандро Пајола (1999, 194, бек, Виртус Волоња – Италија)