Во салата на СРЦ „Кале“, каде во петок навечер, од 19.часот, ја дочекува селекцијата на Естонија, првите, засега тренинг-минути во дресот на нашата репрезентација ги одработи Итан Хап.
Овој 27. годишен центар на шпанската Гран Канарија ќе биде нашиот адут за играта во рекетот, што беше и основата причина поради која на оној краен список го нема Ти-Џеј Шортс.
„Дефицитарни сме на високите позиции, без Симиќ и Младеновски од кои едниот целосно се откажа од кошарка, а другиот три месеци не беше во тренажен процес бевме принудени да се одлучиме за Хап кој и претходно доби државјанство. Тоа е повеќе стратешка околку изнудена одлука“- појасни селекторот за промената околу натурализираниот кошаркар.
Сега останува уште во селекцијата да го видиме и предводникот на теренот, Војдан Стојановски, кој ги „одработува“ терапиите кои ги препиша лекарскиот тим, кои треба да му помогнат да биде подготвен за првите предизвици во новиот квалификациски циклус, сега за Евробаскетот во 2025 година.
За потсетување, Македонија е дел од групата „Х“ во која се уште и репрезентациите на Литванија, Полска и Естонија. Три од овие четири селекции ќе обезбедат пласман на Европското првенство, со забелешка, дека Полска, како еден од ко-организаторите на наредниот собир на најдобрите европски селекции, има директен пласман на Евробаскетот.