Петтиот настап во WABA лигата во оваа сезона Ивана Кметвска долго ќе го памети. Во гостинската победа на Бадел 1862 против Партизан 1953 во Белград (73:70), репрезентативното крило беше незапирливо за противничката одбрана. И за прв пат го освои насловот за најкорисна кошаркарка – МВП на колото.
На гостувањето во салата „Ранко Жеравица“ во Белград, Кметовска дојде до индекс – 39, секако, најдобриот во сезоната. Со реализиран 31.поен, го урна клупскиот рекорд, откако шутираше одлични 12/17 за два поени, и уште 7/11 од линијата за слободни фрлања.
Она што посебно е забележливо е дека на тоа Ивана придодаде уште 14.скока, две асистенции и по една освоена топка и блокада.
Кметовска е првата кошаркарка на Бадел 1862 во историјата на регионалното натпреварување со МВП награда.
И сето тоа, а малкумина знаат, со сериозна настинка, што го прави ова како вистински играчки подвиг.