25.09.2021

Суперкуп „Драган Василов Цевка“- 2021

Ивана Кметовска: „Прекрасно е што сезоната ја отворивме победнички“

Бадел 1862 е првиот освојувач на Суперлупот, кој од оваа сезона ќе го носи името „Драган Василов Цевка“. Очекувано, задоволството од првиот освоен трофеј во сезоната е големо во редовите на „баделки“. 

„Ова е слатка одмазда. Сакам да им честитам на кошаркарките за играта, честитки и за противникот за прикажаното. Овој натпревар ни дојде доста добро и за двете екипи за да видиме до каде сме со формата пред стартот на ВАБА-лигата. Амбициите секоја година кај нас се исти, пласман во финалето на Купот и на првенството. Овој Суперкуп ќе ни ја подигне самодовербата за понатаму, за подобра работа и поголем напредок. Со ангажманот на Кметовска и Кејтлин добивме на висина, со тоа се смени и нашата игра. Неблагодарно е уште сега да се прогнозира за титулите, ќе видиме на крајот што и како ќе биде“, изјави Перо Стамевски.

Ивана Кметовска се израдува на уште едне пехар. По ланските два со Баскет КАм, на ред стигна и овој наменет за победникот во Суперкупот.

„Долго време се подготвувавме, напорно работевме, прекрасно е што сезоната ја почнавме на еден ваков победнички начин. Се надевам дека оваа победа ќе се претвори во традиција и од сега па натаму секоја сезона ќе ја почнуваме на ваков начин. Нашите играчи се многу возбудени за оваа сезона, не чека домашна борба за двете титули како и во ВАБА-лигата. Се надеваме на успеси“, изјави Кметовска по натпреварот.