03.03.2024 Македонската репрезентативка му обезбеди нова, трета, Куп-титула во последните четири години на својот тим, Баскет Кам Со дабл-дабл ефект, реализиран од 23 поени (1/1 за три, 6/10 за два и 8/11 за еден поен), 15 скока, две украдени топки и една асистенција кои вкупно и донесоа 29 индексни поени на корисност, Ивана Кметовска сосема заслужено го освои признанието за најкорисен игтрач на финалето од 31. издание на државниот Куп „Благоја Георгиевски - Буштур“ за 2024 година. Македонската репрезентативка му обезбеди нова, трета, Куп титула на својот тим, Баскет Кам 2011. Многу сум среќна што го освоивме Купот оваа година, се надевам дека истото ќе се случи и со првенството. Сакам да им честитам на екипата на МЗТ за фер и коректната игра и како што кажав, се надевам на повеќе победи во иднина, со победа да го затвориме првенството. Напорно работиме еве веќе цела сезона до сега, сите девојки се максимално ангажирани преку целата сезона. Исто така сакам да потенцирам дека и ова МВП признание е секако резултат на таа заедничка игра. - истакна репрезентативката.