Изминатите десетина дена кошаркарските работници ширум нашата Република го дадоа својот глас за оние кои сметаат дека заслужуваат да бидат наградени за своите успеси во календарската година што изминува.
Кошаркарската федерација ќе им ги додели признанијата на најуспешните за 2019 година идната среда (25.12.2019) во салата Платинум (спрат -1) во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје со почеток во 20:00 часот.