Бадел 1862 - Струга 2009 77-43 (27-11, 15-4, 14-13, 21-15)
Перо Стамески, тренер Бадел 1862
Им ја честитам победата на моите деовјки, но и на кошаркарките на Струга за фер играта на теренот. Задоволен сум од покажаната игра. Кај Куп натпреварувањата знаеме дека мора да направиме две победи за да стигнеме до посакуваното.
Андријана Лескароска, играч Бадел 1862
Очигледно е дека сме поискусна екипа и тоа го покажавме на терен. Девојките го дадоа максимумот од себе и за тоа говори и резултатот.
Владимир Ѓоровиќ, тренер Струга 2009
Со резултатот на крајот секако дека не можам да бидам задоволен. Најмногу ме плаши пресингот. Го решававме, но немавме доволно трпение за да заврши со екстра додавање и со реализација. Од ангажманот на мојата екипа сум презадоволен. Овој Куп за нас дојде малку прерано. Ние немаве доволно време да се подготвиме за играта на Бадел бидејќи нашата кошарарка Шеќероска беше со сениорската репрезентација и изработи само еден тренинг. Ова е едно големо искуство за нас, ние сакаме да оваа лига се искачи едно скалило погоре. сега нам ни преостанува подготовка за да влеземе во полуфинале од лигата и да ја освоиме јуниорската. Им ја честитам победата на Бадел.
Анамарија Шеќероска, играч Струга 2009
Ние сме многу помлада екипа и да кажам понеискусна од кошаркарките на Бадел. Бевме ангажирани на теренот, но неколку лоши шутерски серија им дозволија на кошаркарките на Бадел да направат висока разлика што беше недостижна за нас.