13.04.2019

Изјави по натпреварот Бадел 1862 - Струга 2009

Бадел 1862 – Струга 2009 59-40


Владо Ѓоровиќ, тренер Струга 2009
Јас за ова би рекол дека се базира на неискуството. Недоволно натпревари на ова ниво, особено во лигата каде има само три до четири екипи кои играат на ова ниво, како и преголема импресионираност да се започне еден ваков натпревар. Треба уште многу да се работи и уште многу вакви тешки егал натпревари. Генерално сум задоволен, освен тоа што се стегнавме. Можевме да отвориме и подобро и да бидеме попрецизни на слободни фрлања, но што е тука е. Им честитам на Бадел и им посакувам среќа понатаму.

 

Тања Стојановска, играч Струга 2009
Немавме константен фокус во одбрана, примивме многу лесни кошеви од контри. Иако сметам дека стагнираше одбраната сепак си ја заврши работата.

 

Анета Глигорова, тренер Бадел 1862
Натпреварот мина полесно од што првично очекував, иако некако несигурно започнавме. Среќа што на паузата направивме договор за второто полувреме и го изреализиравме до победа.


Сања Адамовска, играч Бадел 1862
Нашата кондиција беше пресудна за овој натпревар. Не успеавме да отвориме како што би сакале поради некоја трема што секогаш ја имаме пред  натпреварите од Купот. Се надевам дека ќе го разбиеме малерот од Кавадарци и ќе го освоиме трофејот.