29.05.2021

Баскет Кам е прогласен за шампион за сезона 2020/2021

Изјави по натпреварот Баскет Кам - Бадел 1862

Баскет Кам - Бадел 1862 86-66

Перо Стамески, тренер Бадел 1862
Прво би сакал да им ја честитам победата на Баскет Кам, а воедно и освоената титула. Сосема заслужено. Нивното искуство и подолгата клупа го сторија своето. Честитки и до моите кошаркарки зашто го дадоа максимумот од себе. Игравме со многу повредени, на секој натпревар останувавме без една кошаркарка, а денеска останавме без четири сениорки. Уморот и пократката клупа го направија своето. Сметам дека оваа сезона женската кошарка отиде чекор понапред со вниманието и со доведувањето на странски играчи. Два-три дена ќе одмориме, а потоа продолжуваме со сите напори за новата сезона.“

Александар Ашаданов, тренер Баскет Кам
„Да не должам многу, чест и задоволство е да бидеш дел од финалето на Првата лига жени. За мене претставува огромно задоволство и се надевам дека и следна сезона ќе бидеме со олку високи амбиции и дека ќе продолжиме со успесите.“

Анџелика Митрашиновиќ, Баскет Кам, МВП
„Можам да кажам дека очекувавме да го освоиме првенството. Можеби малку се опуштивме на првиот натпревар што го игравме во плејофот, со оглед на тоа дека во Купот во финалето ни беше многу лесно. Сфативме дека не можеме да играме така опуштени, се собравме сите заедно како тим и го освоивме шампионатот. Победивме три натпревари во низа, мислам дека со тоа докажавме дека заслужуваме да ја освоиме титулата. Мислам дека со доаѓање на странски играчи, а и репрезентативки лигата се крена на едно повисоко ниво. Драго ми е што се случува тоа во Македонија. Без разлика што ние победивме со 3-1, сметам дека натпреварите беа исклучително интересн за гледање.“