16.02.2018

Изјави по натпреварот Блокотехна - АВ Охрид

Четвртфинале, Блокотехна - АВ Охрид 110-88

Марјан Илиевски, тренер Блокотехна
Најчесто се повторувам дека никојпат не се водам по она фаворизирање и потценување на учесниците во натпреварот. Наше е да излеземе на теренот и да дадеме максимум од себе. ме радува тоа што уште во првата четвртина успеавме да го добиеме натпреварот. Дојде до некое опуштање во нашите редови во последните две четвртини што е и сосема нормално.Нам ни останува концентрацијата кон утрешниот натпревар. Намалена ни е ротацијата на играчи. Сакам да им честитам на моите играчи за стореното, сепак мислам дека се нема случено да дебитант во Првата лига стигне до полуфинале во Купот. На хартија секојпат фаворитот е тимот на МЗТ Скопје Аеродром и јас би сакал да се сретнеме во полуфиналето со екипата на Фени Индустри.

Стојан Ѓуроски, играч Блокотехна
Знаевме дека сме фаворити и го искористивме тоа на најдобар начин. Погодивме некои среќни тројки, направивме голема разлика на самиот почеток која ја држевме до крај. Би сакал во полуфиналето да се сретнеме со Фени Индустри, бидејќи да речеме дека се полесен противник, но секако дека мотивот е поголем да се игра против МЗТ Скопје Аеродром.

Петар Чочороски, тренер АВ Охрид
Реално беа фаворити во овој натпревар, но не знаев дека ќе отвориме на ваков лош начин. Каскавме првата четвртина, во другите игравме порамноправно, но е успеавме да се вратиме во играта. На крај играчите започнаа сами индивидуално да креираат акции, не ни беше стратегијата да се оди преку еден играч, но тоа нив им беше решението при толку голема разлика. 

Антонио Донески, играч АВ Охрид
Ова беше добро искуство, но сметам дека одигравме катастрофален натпревар. Не сум задоволен од играта воопшто.