12.04.2019

Изјави по натпреварот Гостивар - Фени Индустри

Гостивар - Фени Индустри 88 -81

Марјан Србиноски, тренер Гостивар
Очекував вака неизвесен натпревар. По оној натпревар против Блокотехна во средата знаев дека нема да имаме свежина, а и со мал фонд на играчи и мала ротација на центарската позиција. Се обидовме да изиграме најдобро што можеме. Секојпат кога качувавме по 14-15 разлика тие се враќаа, а во тие моменти губевме концентрација. Желбата за победа беше евидентна, издржавме и во средата и денес. Утре во полуфиналето кое е за некои 17 часа ќе се обидеме да дадеме максимум.што можеме во тој момент.

Горан Самарџиев, тренер Фени Индустри
Сакам да им ја честитам победата на Гостивар, сосема заслужено, но и ние имавме свои шанси. Се виде неискуството на нашите играчи. Во секој случај јас сум задоволен од мојот тим. Ќе продолжиме и понатаму да се бориме во Плејаутот. Ќе форсираме домашни играчи, и денес игравме само со еден странец што воопшто не е оправдување. Ќе кажам уште еднаш - задоволен сум, но не чека напорна работа за пеколна ида сезона.

Блажо Митков, играч Фени Индустри
Мислам дека како млад состав доволно покажавме заби на натпреварот против Гостивар. Се боревме до последни сили, но тие се поискусни од нас и сметам дека тоа беше пресудно за некои финеси кои им ја донесоа победата на крај. Им честитам на Гостивар за победата.