16.02.2018

Изјави по натпреварот МЗТ Скопје Аеродром - Фени Индустри

МЗТ Скопје Аеродром - Фени Индустри 115-68 (34-28, 30-21, 27-12, 24-7)

Жељко Лукајиќ, тренер МЗТ Скопје Аеродром
Најважно е дека победивме. Куп-натпреварувањето е секогаш критично бидејќи се случуваат изненадувања - погледнете само вчера што им се случи на Фенербахче, Звезда и на Макаби. Купот е чудо! Важно е дека одиме понатаму, важно е дека победивме и тоа со висока разлика. Сега имаме малку време за да се одморат играчите и да ги насочат мислите кон утрешниот меч. Блокотехна е неверојатен тим, добро воигран и ако ја спречиме нивната игра 2на2 имаме реални шанси за победа.

Џордан Крафорд, играч МЗТ Скопје Аеродром
Мислам дека како колектив играме одлично, цврсто и со полна енергија. Се уште не пече оној пораз од Блокотехна, така да мораме да останеме позитивни, да се концентрираме и да се одмаздиме.

Љупчо Малинков, тренер Фени Индустри
Сезонава веќе игравме против МЗТ С.А и знаевме со каков противник ќе се соочиме. Можам да кажам дека дадовме максимум од силите, но сметам дека во вториот дел од натпреварот концентрацијата не ни беше на посакуваното ниво за што говори и резултатот.

Иван Сапунџиев, играч Фени Индустри
Не очекував ваков резултат. Игравме добро до крајот на првото полувреме, но потоа падна нашата игра. Не сум задоволен во некоја огромна мера и од себе - секогаш може подобро.