Четвртфинале, Работнички - Карпош Соколи 103-49
Марин Докузовски, тренер Работнички
„Објективно сме поквалитетни од нив и јас им дадов шанса на сите мои млади играчи да играат. За нас од утре почнува Купот. Ова е такво натпреварување, да не може да сме сигурни кој тим ќе ни се падне како следен противник. Сек. огаш има изненадувања - тука нема фаворити. Секој натпревар е посебен“
Виктор Ефремовски, играч Работнички
„Карпош Соколи беа многу посилни минатата година, оваа го сменија цел ростер. Се гледа дека ние сме многу подобри од нив. Сега ние треба да се припремиме за следниот натпревар и да останеме сконцентрирани и понатаму и да одиме до финале“
Михаил Наумовски, тренер Карпош Соколи
„Очекувањата се едно, реалноста е друго. Реалноста за Соколи е таа што е во моментов. Ние игаме со Македонци, со деца кои во своите претходни клубови не добивале доволно време на теренот. Во моментов Соколи е клуб кој ќе брка опстанок во Првата лига. Дојдовме со реални очеквуања, знаевме против кого играме односно кој е и кој бил Работнички. Им посакувам среќа на Работнички во остатокот од натпреварувањето со тоа што сметам дека оваа година ќе биде доста изедначено. Има доста екипи кои имаат високи амбиции кои не можат да се отпишат“
Андреја Атанасов, играч, Карпош Соколи
„Разликата во квалитети е евидентна, што се виде и на теренот. Дојдовме со желба да се покажеме на Купот колку што можеме и да ја искористиме нашата младост. Резултатот кажува се. Им посакувам среќа понатаму на Работнички и ако ја имаат доволно да го освојат и Купот.“