17.02.2018

Изјави по натпреварот Работнички - Куманово

Работнички - Куманово 77-68 (22-21, 24-10, 13-17, 18-20)

Марин Докузовски, тренер Работнички
Воопшто не ни беше лесно против кумановчании, кои одиграа навистина добро исто како и на вчерашната средба против Гостивар. По доброто прво полувреме, во продолжението имавме проблеми, за што делумно причина беше повредата на нашиот најдобар поединец, Гинјард. Немам одредена желба против кого сакам да играме утре, бидејќи кој и да е од другата страна на теренот ќе ја има улогата на фаворит против нас. Но, тоа не значи дека однапред ќе се предадеме, бидејќи Работнички е тим кога секогаш и без разлика на проблемите одигра на победа и на освојување трофеи

Виктор Ефремовски, играч Работнички
Куманово не е екипа за потценување, знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Паднавме во второто полувреме, затоа што ни се повреди клучниот играч Маркус Гинјард. Веќе сме фокусирани на финалето, се надевам дека ќе освоиме. Во мечот за титула би го сакал МЗТ Скопје, затоа што против нив секогаш играме вистински дерби-мечеви

Александар Петровиќ, тренер Куманово
Што да кажам, тоа е! Малку среќа, малку несреќа. Кон крајот на втората четвртина примивме некои безврска шутеви, договорите за во одбрана не ги испочитувавме и тоа не чинеше. Од еден егал-натпревар стигнавме до некои 15 разлика да губиме. Се вративме кон крајот, но ни се случи да натпреварот биде пресликан како и оној во првенството. На 3-4 разлика имавме некои наши топки кои ни ги земаа од раце, се обидувавме и со некоја комбинирана одбрана и зона, пробавме се, но тие во моментов се поквалитетна екипа. Така кажува резултатот - две победи за нив во последните месец дена. Мислам дека и со скокот имавме некои проблеми. Им честитам на Работнички за заслужената победа, ние продолжуваме понатака. 

Адем Меќиќ, играч Куманово
Пред се сакам да им ја честитам победата на екипата на Равботнички. Ние покажавме одлична игра и докажавме дека можеме да се носиме со екипи од самиот врв. За жал во втората четвртина имавме еден пад на играта кој не чинеше скапо. Им дозволивме на преискусните играчи на Работнички да се одлепат и после ни беше тешко да се вратиме. На крајот, искрено малку ни недостасуваше факторот среќа и на некои наши дефанзивни скокови топката се одби право кај нив во раце, тие поентираа и тоа е малку демотивирачки, но се на се беше добар натпревар.