Работнички - Куманово 104-80
Александар Петровиќ, тренер Кумановож
Без оглед на тоа дека нам ни недостасуваат неколку играчи во ростерот, сепак Работнички во моментов е поквалитетен тим. Ние и со главите не бевме денеска овде на Куп-натпреварот. И честитам на екипата на Работнички, тоа што ние го прикажавме на терен најверојатно во моментов е нашиот максимум. Одиме понатаму, ќе се концентрираме на натпреварите од Супер лигата
Игор Михајловски, помошник-тренер Работички
Купот е тип на натпреварување каде не секогаш победува подобриот, но во последните неколку месеци формата на нашата екипа оди во нагорна линија. Минатата седица одигравме против Куманово (Супер лига) и го добивме тој натпревар. Мислам дека бевме фаворити на овој натпревар.Честитки на нашите играчи за победата, но и на играчите на Куманово за прикажаната фер игра.
Бобан Стајиќ, играч Работнички
Во натпреварот влеговме максимално. Не се подготвувавме за ниту еден противник освен за Куманово. Планот ни беше да одираме максимално, да направиме разлика па после колку можеме да се одмараме. Мислам дека добро го изменаџиравме тоа.