02.11.2020

Mенаџментот на АБА 2 лигата одлучи, за десет дена да се одиграат четири кола од натпреварувањето

Измени во системот и календарот во АБА 2 лигата: МЗТ Скопје Аеродром и Работнички со обврски од 9. до 18. ноември

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, двата наши претставници во АБА 2 лигата, ќе ги имаат своите први обврски во ова натпреварување во периодот од 9. до 18. ноември.

Овој временски период од десет дена е решението на менаџментот на АБА 2 лигата, а предизвикан од неповолната актуелна здравствена ситуација во регионо која ја предизвика пандемијата на корона вирусот.

Идејата е во така краток временски период, на едно место, во српскиот Златибор, бидат одиграни првите четири кола од вкупно планираните 13, од новата сезона во АБА 2 лигата.

Од таму и информацијата дека се одредени сатнините и натпреварувачките двојки за овие четири рунди од Втората лига на Јадранот која доживеа големи промени во системот и календарот за натпреваруавњето. Системот предвидува одигрување на 13.кола, поделени на три одвоени турнири. На првите два ќе се одиграат по четири, а на третиот - пет првенствени кола.

Најдобрите осум екипи ќе бидат дел од плеј-офот кој ќе биде елиминациски. Екипите кои ќе се пласираат од 11. до 14. место ќе се борат за опстанок во Плеј-аутот.

Согласно со распоредот на одигрување на натпреварите, екипата на МЗТ Скопје Аеродром во првото коло, на 10. ноември, ќе игра против екипата на Подгорица, еден од неколкуте дебитанти во оваа сезона 2020/2021 од регионалното натпреварување.

Во второто коло, на 12. ноември, „металците“ ќе играат против екипата на Сутјеска, а во третото, предвидено за 15. ноември, следува дуелот со Широки.

Во последното коло од овој собир, на 18. ноември, екипата од Аеродром ја чека средбата со Борац од Бања Лука.

Работнички, екипа која за прв пат ќе игра во оваа конкуренција, во првиот круг од натпреварите, на 9. ноември, ќе игра против екипата на Студентски Центар од Подгорица. Три дена подоцна, на 12. ноември, „црвено-белите“ од „Градски Парк“ ќе ги одмерат силите со уште една екипа од Црна Гора – Подгорица.

Третата рунда носи уште еден дуел со црногорски претставник. На 14.ноември, Работнички игра против Ловќен од Цетиње, додека престојот на Златибор, тимот предводен од тренерот Димитар Мираковски ќе го затвори со мечот против Младост од Земун, на 16. ноември.

Нов момент, кој дефинитивно ќе донесе и промени во календарот, односно распоредот на одигрување на натпреварите од Првата лига-мажи, уште на почетокот на новата првенствена сезона.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО АБА 2 ЛИГАТА

1. КОЛО

9.11: Хелиос – Младост Земун

9.11: Слобода Ужице – Ловќен

9.11: Студентски Центар – РАБОТНИЧКИ (17.00)

10.11: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Подгорица (17.00)

10.11: Сутјеска – Златибор

10.11: Борац-Бања Лука – Спарс

11.11: Широки – Горица

2. КОЛО

11.11: Ловќен – Студентски Центар

11.11: Младост – Слобода-Ужице

12.11: Подгорица – РАБОТНИЧКИ (17.00)

12.11: Спарс – Хелиос

12.11: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Сутјеска (21.00)

13.11: Горица – Борац-Бања Лука

13.11: Златибор – Широки

3. КОЛО

13.11: Студентски Центар – Младост

14.11: Слобода-Ужице – Спарс

14.11: РАБОТНИЧКИ – Ловќен (15.00)

15.11: Сутјеска – Подгорица

15.11: Широки – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ (15.00)

16.11: Борац Бања Лука – Златибор

16.11: Хелиос – Горица

4. КОЛО

16.11: Младост – РАБОТНИЧКИ (21.00)

17.11: Подгорица – Ловќен

17.11: Спарс – Студентски Центар

17.11: Сутјеска - Широки

18.11: Горица – Слобода-Ужице

18.11: Златибор – Хелиос

18.11: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Борац-Бања Лука (17.00)