03.04.2021

За одложување на натпреварот од 22. коло на Прва лига мажи, МЗТ Скопје Аеродром - Пелистер

Известување

Поради ново настаната состојба во екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром со двајца потврдени случаи позитивни од КОВИД 19, тренерот Радуловиќ Д. и играчот Стојановски Д. и опасност од ширење на заразата на другите актери на натпреварот, натпреварот КК МЗТ Скопје Аеродром - КК Пелистер кој треба да се одигра на 04.04.2021 година се одложува.

Датумот за одигрување на натпреварот ке биде дополнително закажан  од страна на Комесарот за натпреварување во консултација со клубовите и КФСМ.