07.02.2024

За екипите учесници на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур“ 2024

Известување

Врз основа на Правилникот за Куп натпреварувањето на РС Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур 2024“, кој ќе се одржи во Битола од 15.02 - 17.02.2024 година (четврток - сабота), ве известувам за следното:

Согласно членот 1.7, тeрмините за oдигрувањe на финалниoт турнир за мажи и жeни гo oдрeди Управниoт Oдбoр на КФСМ, на прeдлoг на кoмeсарoт за натпрeварувањe и истиот е вклучeн вo калeндарoт за тековната сeзoна (2023/2024);

Согласно членот 1.7.1, брojoт на eкипите кoи играат на финалниoт турнир вo кoшаркарскиoт куп, како и тeрминитe и начинoт на кој ќе се натпреваруваат, се утврдени од Управниoт oдбoр на КФСМ, пред почетокот на натпреварувачката сезона 2023/24;

Согласно членот 1.7.2, прeпoраката на Управниoт Oдбoр на КФСМ, финалниoт натпрeвар на финалниoт турнир да сe игра вo сабoта, или нeдeла, а сoгласнo тoа, да сe oдрeдат и другитe натпрeварувачки дeнoви, е прифатена.

Согласно членот 9.2 и 9.3 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, натпреварите ќе се играат според календарот за Купот на РС Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур 2024“, во термини за почеток, утврден од страна на комесарот за натпреварување, односно:

Првиот (1) четвртфинален (1/4) натпревар од 12 часот (четврток, 15.02.2024 година),

Вториот (2) четвртфинален (1/4) натпревар од 14:30 часот (четврток, 15.02.2024 година),

Третиот (3) четвртфинален (1/4) натпревар од 17 часот (четврток, 15.02.2024 година), и

Четвртиот (4) четвртфинален (1/4) натпревар од 19:30 часот (четврток, 15.02.2024 година).

Врз основа на Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, организаторот на Купот на РС Македонија, екипата на КК „Пелистер“ од Битола има обрска во спроведувањето, но и можност при бирање термин, односно, на ден 6.02.2024 година, екипата на КК „Пелистер“ од Битола испрати меил во кој побара нивниот натпревар против екипата на КК „Феникс 2010“ од Скопје, од четвртфиналната (1/4) фаза од Купот на РС Македонија, „Благоја Георгиевски - Буштур 2024“ да се игра во последниот термин, односно од 19:30 часот, со образложение дека се повикани гости, градоначалникот на општината, јавни личности и други.

Согласно членот 11.1 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, барањето на КК „Пелистер“ од Битола како организатор на завршницата во Купот на РС Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур 2024“, се прифаќа! 

Новиот распоред за одигрување на четвртфиналните (1/4) натпревари е следниот:

12.00: МЗТ Скопје Аеродром - Гостивар

14.30: Еуро Никел“ - Чаир 2030

17.00: Работнички – ТФТ Моцарт

19.30: Пелистер - Феникс 2010