08.04.2020

Известување до сите кошаркарски клубови

Почитувани,

Ве известуваме дека Владата на РСМ преку Агенцијата за млади и спорт донесе Уредба за финансиска поддршка на спортисти, спортски работници и спортска администрација за време на вонредна состојба.

Финансиската помош се состои од исплата на загарантиран личен доход во износ од 14.500,00 денари за месеците Април и Мај 2020 година.

Во прилог на овој допис Ви ги доставуваме потребните информации за добивање на финансиската поддршка.

 

  • Упатство за користење
  • Изјава за фин.поддршка
  • Барање за фин.поддршка

Ве молиме барањата и изјавите за секое лице пооделно заедно со комплетната документација согласно упатството треба да бидат доставени до Канцеларијата на КФСМ најдоцна до 15.04.2020 година.

Канцеларијата ќе биде отворена секој ден од понеделник-петок од 10.00-13.00 часот.

 

Дополнителни детали на следниот линк: 

http://www.ams.gov.mk/pochetna/20-odnosi-so-javnosta/soopstenija/1479-finansiska-poddrshka-vo-sportot-za-vreme-na-vonredna-sostojba?fbclid=IwAR2LiFSLcAoq-HgXvJmzaVv7WdKh57Wh4feWGg387H1LRHFxfNiH2lSSnt0