29.05.2018

МКФ организира јавна дебата!

Известување до сите кошаркарски работници

На ден 4. јуни (понеделник) со почеток во 12:00 часот во салата за состаноци при хотелот Бест Вестерн (поранешен хотел Турист) Македонската кошаркарска федерација ќе организира јавна дебата на тема бројот на странските играчи во спортските колективи во мак-кошарката односно нивно намалување од следната сезона како и неодамна наметнатото прашање и предлог за зголемување односно намалување на бројот на екипи-учеснички во Првата и во Втората лига во машка сениорска конкуренција.

На јавната дебата учество ќе земат претставниците на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига мажи од идната сезона, претставници на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Втората лига мажи од идната сезона, претставници на асоцијацијата на кошаркарски тренери, претставници на асоцијацијата на кошаркарски играчи, поранешни кошаркари, Претседателот на Стручниот совет при МКФ, истакнати новинари во кошарката како и кошаркари кои се натпреваруваат надвор од границите на Републиката.

Се надеваме дека сите поканети странки за учество во дебатата како и сите заинтересирани ќе се појават, подготвени за да можат достоинствено да презентираат факти за одлуката која ќе поддржуваат, а која МКФ сериозно ќе ја земе предвид и ќе ја темели идната стратегија во позитивен правец на реформи во мак-кошарката.

Дебатата ќе биде од отворен карактер за сите претставници на медиумите кои ќе сакаат да ја проследат.