15.02.2023

...

Известување и документи за Куп натпреварувањето „Благоја Георгиевски - Буштур 2003“ - Скопје

*Согласно членот 27 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, натпреварите од Куп натпреварувањето „Благоја Георгиевски - Буштур 2023“, ќе се играат со Молтен топки.

*Согласно членот 14 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, првоименуваната екипа во протоколот, е должна да настапи во дресови со доминантно светла боја, а второименуваната екипа во дресови со темна боја.

*Согласно членот 13 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, во четвртфиналната (1/4) фаза во Купот на РСМ „Благоја Георгиевски - Буштур 2023“, бројот на странски играчи на натпревар е максимум три (3) и најмалку два (2) домашни играчи во игра во текот на целиот натпревар.

Во полуфиналната (1/2) фаза и финалниот натпревар, нема ограничување на бројот на домашни, или странски играчи на терен во текот на целиот натпревар.

Во прилог документите поврзани со организација на Купот „Благоја Георгиевски - Буштур 2023“ :

- Технички комитет

- Комисија за жалби

- Правилник за куп-натпреварување

- Прирачник за куп-натпреварување